Криптовалути
ОГРОМЕН ПАД НА БИТКОИНОТ – околу 100 милијарди долари избришани за еден ден!?


Во текот на вчерашниот ден најпознатата криптовалута во светот, биткоинот падна под 30.000 долари, првпат од 22 јуни, повлекувајќи и други дигитални валути надолу.
Според „Coinmarketcap”, околу 98 милијарди долари се избришани од целиот крипто пазар за 24 часа, пренесува „CNBC”.
Биткоинот падна за повеќе од 6 проценти на 29.998 долари, етериумот потона за речиси 9,0 проценти, додека „XRP” се сруши скоро 10 проценти, според податоците од платформата „CoinDesk”.
Падот на биткоинот се случи по големата распродажба на глобалните берзи.
Од средината на април годинава, кога достигна вредност од скоро 65.000 американски долари, биткоинот падна за повеќе од 50 проценти.
Постои загриженост за квалитетот и силата на економското закрепнување, што предизвика голема распродажба на глобалните пазари на капитал и пад на вредноста на ризичните средства, објаснува Анабел Хуанг, партнер во компанијата Амбер Група за финансиски услуги во криптовалута тргување.
„Со неодамнешното ослабување на биткоинот, ова само дополнително го намали пазарот на крипто“, додаде таа.
Криптовалути
Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали


Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на „Microsoft” на конференцијата „TechCrunch” изјави дека криптовалутите се една голема измама. (more…)
Криптовалути
ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од декември 2020 година


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво дури од декември 2020 година, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
Криптовалути
Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини


„BINANCE”, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје