Connect with us

Компании

Оглас за платена практична работа во АД Осигурителна Полиса

Објавено

на

АД Осигурителна Полиса распишува оглас за практикантска работа во ИТ Сектор во АД Осигурителна полиса Скопје, во дирекција на бул.Свети Климент Охридски бр.26 Скопје.

Практикантот се ангажира со цел стекнување на вештини во областа на ИТ технологијата во делот на осигурувањето и ќе ги обавува следните задачи:

  • поддршка на стручните служби на Друштвото и на експозитурите во секојдневните активности со MS-Word, MS-Excel, MS-Outlook
  • идентификација на процеси при обработка на податоци, кои може да се автоматизираат и програмирање на соодветни апликации
  • креирање на графички интерфејси, погодни за користење од страна на стручните служби за обработка на податоци

Се бара 1 лице за обавување на практична работа. Времетраење на ангажманот е не повеќе од 6 месеци. Почеток на ангажман флексибилен во договор со избран апликант. Флексибилно работно време, не помалку од 2 часа дневно и не повеќе од 40 часа неделено, со комбинација од канцелариска работа и работа од дома/место по договор.

Потребни вештини:

  • Познавање на оперативен систем Windows
  • Познавање на Microsoft Office
  • Основно познавање на SQL и Python

Ангажманот е со месечен надоместок во висина од 15.000,00 денари за обавување на пракса од 40 часа неделно, односно сразмерно на договорениот ангажман за практиканство.Право на аплицирање имаат лица кои не се во работен однос и да не се постари од 34 години.

Целосниот оглас можете да го погледнете на: apliciraj.mk

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ.

Поради брзиот раст на компанијата, потребни им се амбициозни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

(more…)

Продолжи со читање

Компании

КаСис бележи раст на добивката во 2020 и најaвува нови инвестиции за дигитални технологии во 2021

Објавено

на

Процесинг центарот Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис) реализираше забележителни резултати во 2020 година и покрај отежнатите услови за функционирање и ограничувањата што ги наметна пандемијата. Во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година КаСис оствари нето добивка за финансиската година во износ од 45.568.241 илјади денари, што е за 75% поголема од нето добивката за 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Зголемете го вашето присуството на пазарот со myWorld Partner програмата

Објавено

на

Најголемата меѓународна програма за лојалност на потрошувачи кај малите и средни претпријатија, myWorld (мајВорлд), е во постојан раст, како во светот така и кај нас. Според последните анализи, во Македонија секој месец просечно по 10 нови трговски партнери започнуваат да ја користат мајВорлд партнер програмата (myWorld Partner Program). (more…)

Продолжи со читање


Популарно