Connect with us

НБРМ

Оглас за вршење практична работа во Народната банка на Република Македонија

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ги известува сите студенти на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка, дека имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Македонија, во текот на јуни, јули и август 2018 година.

Бројот на практиканти кои можат да вршат практична работа во Народната банка во текот на летниот период е ограничен согласно капацитетите на организациските единици.

Доколку имате интерес да се стекнете со знаење од доменот на работата на организациските единици на Народната банка на Република Македонија, ве молиме  да се пријавите на Огласот најдоцна до 20 мај 2018 година.

Образецот „Пријава за вршење практична работа во Народната банка на Република Македонија“ може да се преземе тука.

Барањето се доставува до Народната банка откако претходно е целосно пополнет од страна на студентот со потврда и печат на факултетот, а кон пријавата потребно е да се достави и следното:

  • доказ за видот на образованието кое е во тек (копија од индекс или ИД)
  • доказ за просечен успех
  • доказ за познавање на англискиот јазик (се прифаќа и копија од положен испит по англиски јазик)
  • доказ за познавање MS Office (се прифаќа и копија од положен испит по информациски технологии)
  • мотивациско писмо

Пријавата, заедно со попратните документи, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Македонија или по пошта најдоцна до 20 мај 2018 година, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“,  на следната адреса:

Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1
1000 Скопје

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот

Објавено

на

Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии. Финансиските иновации поттикнати од финтек-компаниите во основа водат до подобри и поконкурентни финансиски услуги, а истовремено поттикнуваат поголема конкуренција и иновирање кај традиционалните финансиски институции – банките“ – истакна гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот, којашто се одржа вчера во Савудрија, Хрватска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25%

Објавено

на

Централна Банка

На 12 март 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange