Банки
Оглас за вработување на Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на пет лица за работно место Соработник за клиентска услуга во Филијала Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна почетна нето плата од 18.000 мкд., како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
– Најмалку високо образование од областа на економските науки;
– Солидно познавање на англиски јазик;
– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
– Одлични комуникациски способности;
– Позитивен приод кон работата;
– Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk со назнака: „За оглас – Соработник за клиентска услуга“.
Огласот ќе биде активен заклучно со 29.07.2018 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
За повеќе информации проверете тука.
Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје


НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во
работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје.
Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје


НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје