Connect with us

Банки

Оглас за вработување на Специјалист за апликативни решенија во Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. 

Банката вработува Специјалист за апликативни решенија во Служба за информатичка технологија.   

Кандидатот треба да ги исполнува следните обврски:

  • Предлага и изработува решенија за воведување на нови и подобрување на постојните апликативните решенија, со цел зголемување на ефикасноста на деловните процеси
  • Учествува во анализа и спроведување на барања за промени во апликативните решенија од деловната страна
  • Го следи и контролира спроведувањето на сите процедури и упатства за работењето со  софтверски апликации
  • Ги прегледува и ги презема последователните дејствија за сите пријавени барања поврзани со  периферните апликации
  • Создава нови извештаи и ги изменува / подобрува постојните извештаи согласно барањата
  • Изготвува и одржува документација (технички и кориснички упатства) 
  • Соработува со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија

Кандитатот треба да поседува:

  • Диплома од завршено високо образование во областа на информатичката технологија (пожелно)
  • Искуство во работа со релациони бази на податоци  MS SQL и/или Oracle PL/SQL
  • Способност за тимска работа и работа под притисок
  • Добри организаторски способности и комуникациски вештини
  • Подготвеност за самостојна работа и предлагање и имплементацијана на нови решенија  
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање na деловните банкарски технологии и процеси ќе се смета како предност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. 

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Специјалист за апликативни решенија во Служба за информатичка технологија” најдоцна до 30.09.2021 година.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно