Connect with us

Банки

Оглас за вработување на Самостоен финансиски аналитичар во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Банката во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за ризици, евалуација и контрола и ви нуди можност за работа во динамична средина со можност за стекнување на нови знаења и искуства како и постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот на управување на глобалниот ризик, креирање на Risk модели, управување со податоците поврзани со управување со ризици.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвиците, НЛБ Банка Ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:

Самостоен финансиски аналитичар/ Координатор на активности

Твоите цели за работно место Самостоен финансиски аналитичар/Координатор на активности за управување со ризици:

  • Координација на тимот/активностите како и учество и следење на деловната стратегија на Банката;
  • Организирање, делегирање и професионален развој на вработените;
  • Одржување високо ниво на на тимска синергија и одлична комуникација со раководството на Банката;
  • Следење на законската регулатива од областа на управувањето со ризици;
  • Координација во развивање и имплементација на нови решенија во насока на задоволување на регулаторните барања и интерни модели за управување со ризици.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство од 3 год. во сегментот на управување со некредитни ризици;
  • Солидни лидерски, менаџерски, комуникациски и организациски вештини;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив за да се придружите кон тимот на НЛБ Банка:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 17.10.2021 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци! (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка објавува оглас за вработување на: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција:

Директор на Дирекција Човечки Ресурси (more…)

Продолжи со читање

Популарно