Connect with us

Банки

Оглас за вработување на Референт за плаќања во Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. 

Банката вработува Референт за плаќања во Служба за плаќања и кредитна администрација.   

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Помага во финансиските проекции и процесот на буџетирање 
  • Делува во сообразност со прописите на НБРМ и Банката и регулаторната рамка
  • Ги врши процесите на домашните и меѓународните плаќања и наплати и сите сродни активности, како што е предвидено со соодветните прописи, стандардите на Банката и локалните политики и процедури, за сите клиенти на Банката и за Банката
  • Врши плаќања за сите системи правилно и навремено и постапува со влезните и излезните налози / трансфери
  • Ги координира и следи соодветните активности на плаќања што се вршат во Мрежата на експозитури
  • Ги прибира, одржува, контролира и архивира сродните досиеја и документи во Одделот
  • Ја контролира исправноста на мениците и авторизациите на клиентите добиени од Мрежата и другите оперативни делови на Банката за потребите на активностите на блокирање на сметките и присилна наплата
  • Ги извршува и архивира сите примени извршни одлуки, исто така ги блокира и одблокира домашните и странските трансакциски сметки.
  • Ги извршува сите активности на задолжителна / присилна наплата согласно прописите на НБРМ и внатрешните правила и прописи 
  • Ги порамнува времените и внатрешните сметки од главната сметководствена книга поврзана со работењето на Одделот
  • Ги пресметува и наплаќа / плаќа надоместоците и провизиите поврзани со присилна наплата
  • Го администрира и извршува тестирањето и атестирањето на СВИФТ активностите во согласност со правилата и процедурите на Банката како и за декодирање на пораките и оверување на потписите
  • Ги евидентира, обработува и администрира плаќањата на домашните и странските пензии и домашните социјални фондови
  • Ги обработува и администрира плаќањата за комуналии и други услуги што ги обезбедува Банката врз основа на трајни налози на клиентите или единечни плаќања
  • Подготвува стандардизирани извештаи и ги доставува до Регулаторните органи
  • Делува сообразно со сите внатрешни и надворешни правила и прописи што се однесуваат на работењето со плаќањата
  • Го одржува Регистарот на сметки – правни субјекти и претприемачи (единствена база на клиенти и сметки) и комуницира навремено и точно со државните институции во однос на оваа тема
  • Ги решава поплаките на клиентите, кои произлегуваат од домашните и меѓународните плаќања, заради подобра услужност на клиентите и исто така се грижи за испраќање на потврдите за СВИФТ пораки на барање на клиентите
  • Ги препознава сомнителните трансакции и соодветно ги известува соодветните служби 
  • Одржува професионални контакти со кореспондентите од другите Банки, отвора и затвора ностро сметки во согласност со потребите на Банката и правилата и процедурите на Банката
  • Води евиденција на податоците на кореспондентските банки, го следи спроведувањето на роковите и условите за кореспондентските банки, комуницира со кореспондентските банки во случај на недоразбирање или недостиг на податоци
  • Се грижи за учеството во аутсорсинг активностите за работи кои се во негова одговорност и во соработка со надлежните оперативни делови на Банката

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии, банкарство
  • Најмалку 1 година банкарско искуство
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добри организациски и аналитички вештини
  • Внимание кон детали
  • Иницијативност

 Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. 

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Референт за плаќања во Служба за плаќања и кредитна администрација” најдоцна до 30.09.2021 година.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за платена практична работа во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување на Самостоен финансиски аналитичар во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање



Популарно