Банки
Оглас за вработување на Референт за кредитна администрација во Силк Роуд Банка


Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува Референт за кредитна администрација во Служба за плаќања и кредитна администрација.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:
- Одговорен е за осмислувањето / изработката на сета кредитна документација (договорот, колатералите, гаранциите, писмата и др.) во согласност со соодветните одобрувања на комисиите на Банката и со користење исклучиво на одобрените и заштитените обрасци на Банката
- Ја контролира и се грижи за целосноста на кредитната документација во согласност со соодветните одобрувања, вклучувајќи ги условите, договорите и оперативната точност
- Го контролира и проверува постоењето на гаранциите и колатералите
- Ги одржува и наоѓа документите
- Води грижа за архивирањето на досиејата во службата во согласност со процедурите.
- Ги подготвува, следи и управува со активните и неактивните досиеја се до нивен трансфер во централната архива на Банката.
- Одговорен е за поведување на отворањето на кредитот во банкарските системи согласно одобрените и потпишаните документи
- Се грижи сите парични текови да се во согласност со кредитните договори
- Ги ажурира податоците согласно измените во договорите
- Одговорен е за управување и изнаоѓање решенија за можните измени на кредитот во системот во соработка со Службата за информатична технологија
- Ги одржува податоците на клиентите кои се однесуваат на кредитите и дозволените пречекорувања во системите на Банката по барање/примен внатрешен налог од службите кои работат директно со клиенти, кога тоа е неопходно/побарано
- Одговорен е за навремено и точно подготвување и исполнување на сите барања за известување
- Ги проучува грешките во банкарскиот систем и спроведува преодни процеси согласно инструкциите од директорот
- Води евиденција дури не се разрешат секакви отворени прашања
- Ги порамнува, истражува и известува директорот за службата за отворените прашања, како што се: Износи и сите видови на документација
- Се грижи за исцрпноста на документите од досиејата за кредити/гаранции /дозволени пречекорувања
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетска диплома во областа на економија, финансии, банкарство
- Најмалку 1 година банкарско искуство
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Добри организациски, комуникациски и аналитички вештини
- Внимание кон детали
- Иницијативност
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Референт за кредитна администрација во Служба за плаќања и кредитна администрација” најдоцна до 30.09.2021 година.
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје