Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Компании

Оглас за вработување на Раководител на сметководство во Вивакс

Објавено

на

Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија. 

Поради зголемениот обем на работни активности и растот на компанијата, отворена е работна позиција:

РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО 

Одговорности и задачи:
– Комплетно водење на сметководственото работење.
– Книжење на финансиската и материјалната документација.
– Изготвување и поднесување на годишни завршни сметки.
– Пресметка на ДДВ, данок на добивка и персонален данок.
– Пресметка на плати.
– Плаќање на налози.
– Изготвување на фактури.
– Подготовка на финансиски извештаи за потребите на менаџментот од областа на продажба, набавка и финансии.
– Управување со готовински текови.
– Останати сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни закони и прописи.
– Уредно водење на документацијата во согласност со сметководствените стандарди.
– Комуникација со сите релевантни државни и приватни институции.

Потребни квалификации:
– ВСС (Економски факултет).
– Уверение за овластен сметководител.
– Минимум 5 години корпоративно, сметководствено искуство во професионална средина (предност имаат кандидатите од ист или сличен сектор).
– Одлично познавање на англиски јазик.
– Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel) и развиени компјутерски вештини.

Од кандидатот се очекува:

– Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
– Организираност и одговорност.
– Цврста работна етика.
– Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови и проценка на приоритети.
– Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето.
– Динамичност и ефективност.
– Способност за индивидуална и тимска работа.
– Флексибилност и адаптибилност.
– Високо развиени комуникациски и меѓучовечки односи и ефективна вербална комуникација.

Компанијата нуди:
– Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
– Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
– Позитивна тимска атмосфера.
– Обезбеден оброк.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО “.
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 28.06.2019 до 11.07.2019).

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

Кроациа Осигурување Живот е компанија која што секојдневно вложува во развојот на своите вработени, знаејќи дека самите тие претставуваат најзначајните ресурси.

Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје има потреба од следната работна позиција:

АДМИНИСТРАТОР-КООРДИНАТОР ЗА НАПЛАТА

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

Кроациа Осигурување Живот е компанија која што секојдневно вложува во развојот на своите вработени, знаејќи дека самите тие претставуваат најзначајните ресурси.

Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје има потреба од следната работна позиција:

ПРОЕКТ МЕНАЏЕР
(more…)

Продолжи со читање

Компании

Започна првиот онлајн саем за вработување во Македонија – 550 огласи во регионот чекаат на вас

Објавено

на

Иднината на вработувањето се случува овде и сега – бидете дел! (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange