Connect with us

Државна администрација

Оглас за вработување на извршен директор на Стопанската комора на Македонија

Објавено

на

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и бр. 110/2019), согласно Законот за стопанските комори, Стопанската комора на Македонија, објавува

ОГЛАС
за избор на извршен директор на Стопанската комора на Македонија

Опис на работни задачи на извршниот директор:

  • Развива планови и стратегии за обезбедување на краткорочни и долгорочни цели на Комората, вклучувајќи, но неограничувајќи се и на унапредување на постојните и развој на нови услуги за членките;
  • Ориентираност кон остварување на таргетираните финансиски планови на Комората, заради одржување финансиска стабилност и натамошен раст и развој на Комората, како самостојна, независна,  непрофитна организација која своите приходи ги обезбедува првенствено од членарини, услуги и проектни активности;
  • Годишно остварување на приходи од работењето во износ од најмалку 80 милиони денари;
  • Преглед и контрола на финансиски планови и извештаи;
  • Ја застапува Комората во имотните и другите правни работи;
  • Раководи и ја организира работата на Стручната служба на Комората;
  • Донесува одлуки во врска со работниот однос на работниците во Стручната служба;
  • Донесува одлуки во врска со извршувањето на општите акти на Стручната служба;
  • Го организира подготвувањето и одржувањето на седниците на Собранието и на Управниот одбор на Комората;
  • Надлежност на сите операции и деловни активности за добивање на посакувани резултати, согласно стратегиите и мисијата на Комората;
  • Мотивирање во унапредување и одржување на ангажманот на вработените;
  • Спроведување и придржување кон правните прописи и внатрешните политики на Комората;
  • Градење доверба и професионални односи со клучни партнери;
  • Анализа на актуелните состојби и одржување на конкуретна предност на Комората во деловното опкружување;
  • Други работи во согласност со општите акти и одлуките на органите на Комората.

 Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Високо образование, при што предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на бизнис администрација, стратегиски менаџмент,  менаџмент со човечки ресурси, правни науки (научен степен магистер или доктор на науки ќе се смета за предност);
  • Активно познавање англиски јазик;
  • Учество во најмалку 3 проекти, студии, истражувања, научни или меѓународни активности;
  • Работно искуство од најмалку 12 години (работа во исти или слични организации и работа на раководни позиции ќе се смета за предност);
  • Одлично познавање на MS Office пакет програми и развиени компјутерски вештини;
  • Објавени најмалку три научни или стручни публикации или научни или стручни трудови во домашни или меѓународни изданија;
  • Учество во истражувања, студии за изводливост;
  • Способност за раководење и контролирање на работата и обврските;
  • Одлични интерперсонални вештини и способност за воспоставување на ефикасно работно опкружување;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини
  • Конструктивен пристап кон работнте процеси, стратегии и цели;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Подготвеност за извршување на должности надвор од дефинираниот опсег;
  • Способност за организирање задачи според приоритет и во кратки рокови;
  • Личност со интегритет и лојалност кон организацијата.

 Кандидатот треба да ги достави следните документи:

  • Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование или повисок степен;
  • Работна биографија;
  • Писмо за мотивација;
  • Потврди и препораки од претходни работни ангажмани (копија);
  • Потврда за познавање англиски јазик (копија).

Оригиналните документи подносителот ги задржува кај себе и доколку му бидат побарани, ги доставува на увид, во натамошната постапка на избор.

Работното време е 40 часа неделно, од понеделник до петок, со можност за флексибилност при утврдувањето на почетокот и крајот на дневното и неделното работно време.

Платата на извршниот директор во вкупен нето паричен износ изнесува 150.000,00 денари.

Извршниот директор има право на исплата на парична награда – бонус кој изнесува најмногу до 30% месечно од утврдената нето плата во зависност од деловниот резултат.  Извршниот директор има право на службено возило средна класа, 24 часа на располагање, како и можност за дополнителна едукација и дополнително осигурување.

Извршниот директор  го именува и разрешува Управниот одбор на Комората за период од 5 години, со можност да биде разрешен и пред наведениот период, доколку не ги оствари планираните деловни резултати.

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, потребната документација може да ја достават лично или по пошта,  во затворен плик, со назнака: пријава по оглас за избор на извршен директор, на адреса:

Стопанска комора на Македонија

ул. Димитрие Чуповски бр. 13 – Скопје

или во скенирана форма, по електронска пошта, на e-mail: president@mchamber.mk, со назнака: пријава по оглас за избор на извршен директор.

Контакт: Ана Стерјовска, тел: 02/3244-037

Рокот за пријавување е до 15.08.2020 година до 14:00 часот.

Постапката за избор и именување ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Државна администрација

Оглас за вработување во Министерство за економија

Објавено

на

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

(more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во Агенција за супервизија на осигурување

Објавено

на

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

(more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

Објавено

на

ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod- skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација достапна за Android и IOS. (more…)

Продолжи со читање

Популарно