Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Македонски Телеком

Објавено

на

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници.

Заради пополнување на позиција во нивниот тим, имаат потреба од млади, талентирани  лица кои би сакале својата кариера да ја започнат на ова работно место.

Менаџер за продажба

Служба за клучни и големи корисници во Сектор за продажба за деловни корисници во Област на главен комерцијален директор за деловни корисници

Компанијата бара:

  • Анализа на кориснички потреби, подготовка на продажен пристап и планирање на активности за посети на корисници
  • Проактивни продажни активности, понуди на нов производ/ услуги со додадена вредност (VAS) up-sale и cross-sale, во насока на реализација на индивидуалните месечни цели по производи /услуги во соодветниот сегмент, како и задржување и зголемување на задоволството на корисниците
  • Подготовка на деловни понуди и интегрирани решенија од мобилна и фиксна телефонија и нивно презентирање на потенцијални/постоечки корисници од доделениот сегмент, преговори и склучување на договори со корисниците
  • Подготoвка и процесирање на барања за подготовка на деловни понуди со индивидуални решенија
  • Идентификација на нов потенцијал во рамките на својот сегмент на делување
  • Идентификување на корисници кај кои постојат можности за продажба на нестандардни решенија ICT или Cloud
  • Комплетирање на корисничка документација согласно поставените правила и процедури
  • Одржување на постојан контакт, официјална коресподенција и поддршка на корисниците и давање на feedback и иницијатива за локални потреби и промоции
  • Синхронизирање/оптимизирање на потребите на корисниците за комуникациски решенија со услугите од портфолиото на Компанијата
  • Следење на тендерски постапки, учество на тендери, усогласување и давање на предлог концепт и цени за настап на тендер во корелација со организациската единица за тендерски постапки
  • Следење и анализа на конкуренцијата во регионот, собирање на информации поврзани со промените на пазарот, анализа на повратните информации од корисниците и доставување на сублимирани повратни информации и предлог мерки
  • Одговорност за вкупните приходи во сегментот на големи и клучни корисници

Компанијата очекува:

  • Желба за работа со корисници
  • Натпреварувачки дух
  • Тимски играч
  • Отвореност и подготвеност за учење
  • Вљубеник во технологијата

Квалификации:

  • Високо или Вишо  образование – Технички факултет – Електротехника, Телекомуникации, Информациски технологии;      Економски  факултет или останати факултети
  • 1-3  година соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Работа со компјутери и соодветни апликации
  • Солидни технички познавања за модерните информациско – комуникациски технологии, искуство во понуда и обезбедување на интегрирани телекомуникациски и систем интеграциски решенија

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Компанијата нуди:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата која се состои од фиксен дел и варјабилен кој  зависи од остварувањето на продажните резултати.
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  – Менаџер за продажба

Контакт информации тел. 02/3 242-602, e-mail: career@telekom.mk,

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 25.11.2020 година распишува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Финансиски советник за животно осигурување (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Популарно