Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:

Службеник во служба за внатрешна ревизија

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование економски факултет, со основни познавања на финансиски извештаи,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Учење, развој и ориентираност кон резултати,
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во областа на ревизијата не е задолжително.

Работни задачи:

  • Учење и развој во областа на внатешна ревизија,
  • Подготовка и реализација на годишни планови за внатрешна ревизија,
  • Обработка на податоци од извршени ревизии и подготовка на извештаи,
  • Познавање и примена на законска регулатива во секојдневното работење,
  • и други работи и работни задачи од областа на внатрешна ревизија.

Аплицирајте преку web страната на Штедилница Можности или пратете професионална биографија (CV) преку е-пошта: rabota@moznosti.com.mk, не подоцна од 11.07.2022 година, со назнака за внатрешна ревизија.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Кандидатите кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Штедилницата.

Рокот за избор на кандидати е до 45 до 120 по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Компании

Групацијата Триглав оценета како финансиски многу солидна и со одлични оперативни перформанси

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, во рамките на редовната годишна ревизија на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, ги потврди кредитниот рејтинг на финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочната оценка за кредитна способност на издавач „а“ (одлично). (more…)

Продолжи со читање

Компании

Андријана Поповска го замени Артон Лена во Одборот на директори на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Триглав oсигурување Живот АД Скопје одбележа 5 години постоење на македонскиот пазар

Објавено

на

Триглав oсигурување живот АД Скопје во присуство на бројни гости од земјава и странство, соработници и партнери кои изминатите години ја дадоа својата доверба и поддршка, го одбележа својот петгодишен јубилеј на успешно делување на македонскиот пазар за осигурување. Компанијата е основана како најмладо друштво за животно осигурување на пазарот за осигурување во 2017 година, со одлука за директна инвестиција во ново друштво и е во доминантна сопственост на групацијата Заваровалница Триглав. (more…)

Продолжи со читање

Популарно