Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности



Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:
Службеник во служба за управување со лоши пласмани
Потребни знаења и вештини:
- Завршено високо образование економски, правен или други факултети,
- Основно познавање за работењето на финансиски институции – банки и штедилници, во делот на кредитирање, услуга кон клиенти и наплата на лоши пласмани,
- Способност за тимска работа но и самостојност,
- Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
- Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
- Работно искуство во дејноста не е потребно но може да биде предност.
Работни задачи:
- Учество во изготвување на анализи на лошите пласмани од кредитното портфолио и наплата на побарувањата на штедилницата од физички и правни лица,
- Анализа на интерни извештаи кои се продуцираат и користат од страна на службата заради следење, мониторинг и донесување на одлуки за активности поврзани со кредитното портфолио на клиенти,
- Комуникација со клиенти и институции во процесот на наплата на кредитното портфолио,
- Подготовка на документација согласно законска регулатива за навремено известување на клиенти во процесот на наплата на кредитно портфолио,
- Подготовка на анализи и извештаи.
Аплицирајте преку web страната на Штедилница Можности или пратете професионална биографија (CV) преку е-пошта: rabota@moznosti.com.mk, не подоцна од 24.05.2022 година, со назнака: Службеник за лоши пласмани.
Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.
Кандидатите кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Штедилницата.
Рокот за избор на кандидати е до 45 до 120 по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности



Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!


Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)
Компании
Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ


Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје