Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Штедилница Можности објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО
Службеник во правна служба
(1 извршител на определено време со можност за продолжување)
Потребни квалификации и способности:
- Високо образование – Правен Факултет,
- Добри комуникациски способности,
- Тимска работа,
- Мотивираност за учење и совладување на нови знаења и вештини,
- Работно искуство се зема предвид но не е задолжително.
Работни задачи:
- Подршка и активно учество во подготовка на договори за кредит со обезбедување залог/хипотека,
- Подготовка на правни документи за застапување на штедилницата,
- Подготовка на предмети за тужење,
- Комуникација со нотари, извршители и адвокати,
- Следење на законска регулатива и подготовка на извештаи.
Штедилница Можности овозможува обука за работното место за кандидатите без работно искуство и одлични услови за работа со можност за стручно усовршување и напредок и развој во кариерата.
Работно време:
Од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот во просториите на дирекцијата на Штедилницата во Скопје.
Заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат барањата за работното место, потребно е да пратат CV (кратка биографија) на македонски јазик, во електронска форма на e-mail: rabota@moznosti.com.mk, со назнака ПРАВНИК, најдоцна до 24.02.2022 година.
Кандидатите кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Штедилницата.
Рокот за избор на кандидати е до 45 до 120 по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Компании
Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!


Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)
Компании
Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ


Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
Компании
20 години Еуролинк осигурување – синоним за стабилност, сигурност и посветеност на клиентите


Еуролинк осигурување одбележува 20 години успешна работа на македонскиот пазар со 212 вработени и 33 филијали. Од своите почетоци до денес, компанијата има услужено повеќе од 630.000 клиенти, има издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување и им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје