Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:

Службеник за односи со клиенти во експозитура Велес

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование економски и/или други факултети, со основни познавања на финансиски извештаи,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Работно искуство во дејноста не е задолжително.

Работни задачи:

  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитно барање,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Помош на корисници на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Аплицирајте преку web страната на Штедилница Можности или пратете професионална биографија (CV) преку е-пошта: rabota@moznosti.com.mk, не подоцна од 21.11.2021 година, со назнака за експозитура Велес.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Кандидатите кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Штедилницата.

Рокот за избор на кандидати е до 45 до 120 по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Компании

Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав

Објавено

на

Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно