Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Штедилница Можности објавува ОГЛАС за вработување на амбициозна и мотивирана личност за работно место службеник во служба за финансии и сметководство, за вршење на работи и работни задачи во делот на:
- Подготовка на сметководствени пресметки и налози,
- Сметководствена евиденција,
- Подготовка на извештаи,
- Спроведување сметководствени контроли,
- и останати активности од областа на сметководство и финансии.
Потребни квалификации и способности:
Кандидат треба да поседува:
- Високо образование – Економски факултет,
- Добри комуникациски способности,
- Позитивен приод кон работата,
- Тимска работа,
- Мотивираност за учење и совладување на нови знаења и вештини,
- Работно искуство не е потребно.
Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина со утврдено работно време од 08:00 до 16:00 часот во просториите на дирекцијата на Штедилницата во Скопје.
Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail: rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk најдоцна до 16.09.2021 година.
Се согласувам компанијата да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае, а по завршувањето на процесот податоците може да се чуваат во базата на податоци на компанијата за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање на contact@moznosti.com.mk.
Кандидатите кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Штедилницата.
Рокот за избор на кандидати е до 45 до 120 по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Компании
Оглас за вработување во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје


Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија, е лидер на пазарот во Македонија по средства под управување (90+ милиони евра) и повеќе од 6.700 инвеститори во инвестициските фондови и услугата управување со средства на индивидуални клиенти (Wealth Management). ВФП Фонд Менаџмент е прво друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое од оваа година влегува и во бизнисот со управување со доброволни пензиски фондови преку регистрирање на четвртиот доброволен пензиски фонд на пазарот, ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.
Компании
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје


КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
Компании
Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година


Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината, како и:* (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје