Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија – Служба за маркетинг и комуникации

Објавено

на

Аплицирајте во Шпаркасе Банка и искористете ја можноста за исклучителна кариера во секој поглед. Покрај предизвиците и шансата за личен и професионален развој, ви даваме и можност да направите позитивно влијание врз околината, имплементирајќи ги вашите стратешки идеи, знаење и вештини за управување кои се неопходни за промоција на иновативноста и соработката.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје објавува конкурс за позицијата „Помлад стручен соработник за маркетинг“ во Службата за маркетинг и комуникации.

Приклучете му се на тимот, доколку

  • Имате комуникациски и организациски способности, познавате и имате искуство во банкарско-финансискиот сектор.
  • Работите со медиуми, вршите медиумски анализи и истражувања, организирате ПР настани, пласирате информации за јавноста.
  • Имате способност да организирате настани и презентации, да работите и преговарате со доставувачи, како и да водите контрола на маркетинг трошоци.
  • Креирате комуникациски стратегии за социјалните мрежи.
  • Имате искуство во соработка со маркетинг агенција или со графички дизајн.
  • Следите стандарди за комуникакција на брендот, се придржувате до процедурите на работа, ефикасно управувате со време и сте ефикасни во извршувањето на обврските.
  • Спремни да работите во организација со корпоративна култура, да применувате  корпоративни стандарди и да се грижите за промоција и заштита на брендот.
  • Спремни сте за тимска работа, во канцеларија, но и работа на терен.

Вие имате

  • Завршено VII-1 степен, ВСС, Економски Факултет или Факултет за менаџмент и бизнис администрација, Факултет за комуникации, од насока – смер: Маркетинг, Финансиски менаџмент, Маркетинг менаџмент, Бизнис администрација, Менаџмент, Комуникации или Е-бизнис.
  • Активно познавање на англиски јазик; предност – познавање германски јазик, одлично познавање на работата со  компјутери  (Microsoft Office)
  • Искуство во маркетинг, комуникации, менаџмент, новинарство или графички дизајн од најмалку 3 години. За предност ќе се смета искуство во спроведување на маркетинг и комуникации во банкарскиот или финансискиот сектор.

Ние ви нудиме

  • Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок, дневно од 08:00 до 16:00 часот, работа во една смена – претпладне.
  • Минимална основна месечна нето плата за бараното работно место од 25.000,00 денари, а максимална до 34.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта, лично на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје или на hr@sparkasse.mk, најдоцна до 30.11.2018 г.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Домашни банки

Аванс на дивиденда за акционерите на Стопанска банка

Објавено

на

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје донесе одлука за прераспределба на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Бундесбанк е спокојна за германската економија и покрај ризиците

Објавено

на

Германската економија останува на патот на растот благодарение на силната локална побарувачка, иако позитивниот тренд се забавува поради сложената комерцијална средина и некои привремени ефекти врз автомобилскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата„Сајт на годината“, веб страницата на НЛБ Банка: nlb.mk го доби признанието за најдобар сајт во Македонија, во категоријата финансиски услуги, банкарство и осигурување. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange