Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Соработник за администрација и извештаи за корпоративни клиенти, Сектор за корпоративни клиенти / Служба за корпоративна поддршка.

Што ќе биде твојата улога?

  • Подготовка на материјали за поддршка на активностите на Секторот за корпоративни клиенти, како и подготовка на кампањи, развој и имплементација на нови производи, маркетингшки кампањи, следење на реализација на таргети, активности за организација на семинари и обуки;
  • Раководење со целисходното користење на расположливите средства за финансирање на корпоративните клиенти и клиентите мали и средни претпријатија;
  • Водење комуникација и помош на менаџерите за клучни клиенти, менаџерите за проектно финансирање и референтите за
    односи со корпоративни клиенти;
  • Подготовка на Процедури и Прирачници како и алатки за поддршка и јакнење на продажбата;
  • Активно учество со активности на поддршка за зголемување на продажбата и оценка на кредитните фајлови како и мониторинг на кредитните обврски.

Кои квалификации се потребни?

  • ВСС – Економски факултет или соодветно високо образование;
  • Работно искуство во банкарска институција или друга финансиска организација ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на англиски јазик и познавање на работа со компјутер (МC Office);
  • Добро познавање на банкарските продукти и работење, oснови на законот за облигации, основи на законот за девизно работење, основи за документарните работи, основи на закон за трговски друштва;
  • Тимски дух, аналитичко размислување и вештина за решавање на проблеми, способност за планирање и одлучување, препознавање на ризикот и работа под притисок.

Кои ќе бидат твоите придобивки?

  • Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse
  • Приватно здравствено осигурување
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
  • Динамична организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените

Доколку веруваш дека токму ти си она што го бара Банката и имаш желба да се приклучиш кон тимот на Шпаркасе банка,  искористи ја оваа можност и да аплицирај на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на kariera@sparkasse.mk заклучно со 22.08.2023 со назнака „Апликација за СОРАБОТНИК ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА И ИЗВЕШТАИ ЗА КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ“.

* Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју.
* Ве молиме за доставување на Ваша согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 1 година, доколку сте согласни со тоа. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно