Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции: 

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ, ДИРЕКЦИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ (1 позициja, неопределено време, со вклучена пробна работа од 6 месеци) 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
VII/1 степен, ВСС, Економски факултет – Насока (смер), Финансии сметководство, ревизија
Претходно 3 годишно работно искуство во банкарска институција или друга финансиска организација
Стручни познавања – Финансии, сметководство, ИФРС стандарди, финансиски извештаи
Напредно познавање на работа со компјутер (MS Office, со акцент на ексел)
Активно познавање на англискиот јазик или германски јазик
Организациски способности, комуникациски вештини, лојалност, тимска работа, одговорност, способност за презентација на статистички податоци, аналитичност и креативност

Опис на работното место/одговорности:
Подготовка на краткорочни, среднорочни и долгорочни планови
Координирање на процесот и изготвување на месечно/квартално предвидување
Учествува во изработка на детални планови за деловните линии во согласност со стратешките определби
Анализа на резултатите добиени во процесот на планирање во смисла на нивна конзистентност и поврзаност
Подготовка на Месечен извештај (Reporting Package) за Групацијата
Се грижи за навременост и квалитет на податоците потребни за изготвување на извештаите
Мониторинг на остварувањето на планот преку месечна анализа на постигнатите резултати и подготовка на образложенија за постигнатите резултати во споредба со планот и предвидувањето
Помага во подготовка на материјали за потребите на седниците на Управниот и Надзорниот Одбор
Остварува комуникација со деловните линии во функција на прилагодување или измена на извештајните форми во согласност со потребите
Учествува во изработката на нови софтверски решенија за потребите на Дирекцијата
Учествува во подготовката на извештаи за потребите на ревизија и Централната банка
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.

Почетна основна месечна нето плата: 33.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 23.04.2018 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Странски банки

Кинеските банки одобрија рекордни 3.230 милијарди јуани за кредити

Објавено

на

Кинеските банки одобриле рекорден износ на кредити во јануари, бидејќи државата се обидува да ги поттикне инвестициите и да го спречи острото забавување на растот на економијата.

Банките одобрија рекордни 3,230 милијарди јуани (476,87 милијарди долари) нови кредити во јануари, што е далеку повеќе од очекувањата и притоа надминубајќи го рекордот од 2,900 милијарди јуани од јануари 2018 година, објави агенција Ројтерс.

Аналитичарите интервјуирани од агенцијата предвидуваа дека во јануари ќе бидат одобрени 2.800 милијарди јуани нови кредити, во споредба со 1.080 милијарди јуани од декември.

Според извештајот на Националната банка на Кина, побарувачката за заеми остро се зголеми во корпоративниот сектор, а пораст има и кај домаќинствата.

Корпоративните заеми пораснаа на 2.580 милијарди јуани од 473.3 милијарди јуани во декември, додека кредитите за домаќинствата се зголемија на 989.8 милијарди јуани од претходните 450.4 милијарди јуани за изминатиот месец.

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка воведува промотивни услови за станбениот кредит „3+2“ и на кеш кредитот „Лесен Кеш Кредит“

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и кеш кредитот „Лесен кеш кредит“ со кои им овозможува дополнителни поволности на своите клиенти при купување на нов стан, или куќа, како и олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот.

Промотивно, до 30 април, 2019г., станбениот кредит „3+2“ е достапен за сите клиенти без нотарски трошоци и без административен трошок, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. Па така, за станбен кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 30 години, со вклучено кредитно животно осигурување, во првите две години каматната стапка изнесува 3,55%, а ратата би изнесувала 143 еур. Од третата до петтата година со фиксна каматна стапка од 4,55% ратата од кредитот би била повторно фиксна и би изнесувала 159 еур, додека пак од шестата година, до крајот на периодот на отплата, ратата би изнесувала 176 еур. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.

Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од административнте трошоци за кредити со вклучено кредитно животно осигурување, а каматната стапка е фиксна за целиот период на траење на кредитот. Оваа понуда се однесува за сите апликации поднесени до 30 април, 2019г. На пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 8 години со моделот (2+6), во првите две години каматната стапка изнесува 6,10%, а следствено на тоа ратата изнесува 8.233 денари со вклучено кредитно животно осигурување, додека од третата до осмата година, ратата од кредитот изнесува 8.736 денари, повторно со вклучено кредитно животно осигурување. За предвремена отплата нема провизија.

Охридска банка Сосиете Женерал со постојана посветеност и атрактивни пазарни понуди им овозможува напредно искуство на своите клиенти, како и квалитетни финансиски услуги кои совршено одговараат на нивните специфични потреби.

Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на веб страницата на Банката, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска претседаваше со сесијата за монетарна политика на конференцијата на Централната банка на Белгија

Објавено

на

На 15 и 16 февруари годинава, гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво „Предизвиците на политиките и новите форми на бизнис во дигиталната ера“ организирана од Централната банка на Белгија. На овој значаен настан којшто се одржа во Бриж, во регионот Фландрија, учествуваа гувернери и заменици на гувернери на централни банки, вклучително и вицегувернерката м-р Емилија Нацевска, како и високи претставници на меѓународни финансиски институции и професори на реномирани истражувачки и универзитетски центри од Европа.

Во рамки на конференцијата беа одржани три тематски сесии од кои една беше посветена на предизвиците на монетарната политика во новата дигитална средина. Со оваа сесија претседаваше гувернерката Ангеловска-Бежоска, а учесници беа и д-р Беноа Мојон, раководител за економски анализи во Банката за меѓународни порамнувања и д-р Клас Кнот, гувернер на Банката на Холандија. Фокусот на одделните излагања и на дискусијата водена на оваа сесија беше насочен кон можните ефекти од растечката дигитализација врз ценовната стабилност, спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност. Притоа, меѓу другото, беше потенцирано дека најновите финтек трендови, коишто значат поголема и подостапна понуда на финансиски услуги за населението, а со тоа и повисока финансиска инклузија, засега немаат позначително влијание врз централнобанкарските активности. Сепак, на сесијата беше нагласено дека со оглед на брзината и природата на промените во дигиталната сфера, во меѓународни рамки останува потребата од следење и натамошна проценка на можните ефекти и соодветно приспособување на политиките.

Поканата упатена до гувернерката Ангеловска-Бежоска да претседава со оваа сесија на значајната конференција во Бриж е уште една потврда и на високиот углед којшто нашата централна банка го има во рамки на европската централнобанкарска заедница. Впрочем, меѓу говорниците на конференцијата, гувернерката Ангеловска-Бежоска беше и единствениот висок претставник на централна банка на земја којашто сѐ уште не е член на Европската Унија.

Своето учество на конференцијата организирана од белгиската централна банка, таа го искористи и за да оствари повеќе билатерални средби со колеги од Европа, во кои акцентот беше ставен на натамошниот развој на меѓународната активност на нашата централна банка и на нејзиното цврсто чекорење по патот којшто води до Европскиот систем на централни банки. Истовремено, во разговорите со своите колеги од Европа, гувернерката Ангеловска-Бежоска размени и мислења за повеќе актуелни прашања коишто ја засегаат севкупната европска економија и за предизвиците за централните банки во натамошниот период.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange