Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Станете дел од професионален тим и изградете ја својата кариера на успешен банкар во Шпаркасе Банка Македонија.

Поради зголемениот обем на активности, Шпаркасе Банка го проширува својот тим во Скопје. Доколку сте мотивирани и имате желба да станете дел од успешниот тим на Банката, аплицирајте за вработување на отворените работни позиции.

ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ:
СОРАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБАТА – КРЕДИТНИ АПЛИКАЦИИ

ЛОКАЦИЈА:
ДЕЛОВНА ЗГРАДА СКОПЈЕ

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку 35 експозитури. Одговорното банкарско работење и стабилноста се приоритет на Банката. Иновативноста и агилноста се движечка сила на Банката, а довербата и тимскот дух се вредности кои ги обединуваат сите вработени.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СОРАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБАТА – КРЕДИТНИ АПЛИКАЦИИ

Одговорности на кандидатот за оваа работна позиција се:

  • Подготовка на кредитни прилози за нови и постоечки клиенти согласно доставените информации (извештаи, сметководствени документи, итн.) од Соработниците за односи со клучни клиенти и Соработниците за односи со мали и средни претпријатија;
  • Анализа на деловното работење на клиентот и пазарното опкружување, неговите финансиски перформанси и капацитет да ги сервисира своите обврски со цел соодветна проценка на кредитниот ризик;
  • Давање поддршка на Соработниците за односи со клучни клиенти и Соработниците за односи со мали и средни претпријатија;
  • Давање мислење за кредитните барања, комерцијални можности, ризик и профитабилност;
  • Предлагање рејтинг на клиенти;
  • Испитување на профитабилноста на трансакцијата;
  • Управување со кредитните досиеа на клиентите (обезбедување пречекорувања, исплати, услови, рејтинзи, итн);
  • Соработка во следењето на исполнувањето на обврските и ковенантите во Соработка со Дирекцијата за ризик;
  • Подготовка на разни видови на извештаи во согласност со потребите на раководниот кадар на Банката или Групацијата:
  • Врши други задачи за потребите на Банката, утврдени од непосредниот раководител.

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:

  • BСС, Економски факултет (во областа на економија, финансии и банкарство);
  • Минимум 1-3 години работно искуство на истата или слична позиција;
  • Развиени аналитички вештини или техники;
  • Способност за индивидуално и самостојно извршување на работните задачи како и способност за самостојно донесување на Одлуки;
  • Аналитичко размислување и способност за решавање проблеми;
  • Препознавање на ризикот во работењето;
  • Активно познавање на MS Office;
  • Активно познавање на англиски јазик (писмена и усна комуникација;
  • Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност.

Што се Вашите придобивки?

  • Кариерен развој во банкарска групација Erste & Steiermärkische Sparkasse, пристап до групацискиот “know-how”;
  • Учество на обуки и семинари, континуирано надоградување и усовршување, како и пренос на знаења и искуства од искусни професионалци преку менторство;
  • Корпоративни настани, тимски дух, динамична работна атмосфера.

Работно време

  • Работно време: 40 работни часа во текот на работната недела, со почеток од 08:00 – 09:00 часот до 16:00 – 17:00 часот.
  • Вредности кои ги практикуваат сите вработени во Шпаркасе Банка Македонија: извонредност, доверба, агилност, страст, партнерство.

Вашето CV и мотивационо писмо доставете ги на: hr@sparkasse.mk заклучно со 23.08.2021 година со задолжителна назнака  „Апликација за Соработник за поддршка на продажбата – кредитни апликации – Скопје“.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и
услови ќе бидат повикани на интервју.

За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка го проширува својот тим. Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Референт за продажба на банкарски производи во експозитура Кавадарци. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка го проширува својот тим. Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање



Популарно