Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Станете дел од професионален тим и изградете ја својата кариера на успешен банкар во Шпаркасе Банка Македонија.

Поради зголемениот обем на активности, Шпаркасе Банка го проширува својот тим во Скопје. Доколку сте мотивирани и имате желба да станете дел од успешниот тим на Банката, аплицирајте за вработување на отворените работни позиции.

ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ:
СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ

ЛОКАЦИЈА:
ЕКСПОЗИТУРА ОХРИД

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку 35 експозитури. Одговорното банкарско работење и стабилноста се приоритет на Банката. Иновативноста и агилноста се движечка сила на Банката, а довербата и тимскот дух се вредности кои ги обединуваат сите вработени.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ

Одговорности на кандидатот за оваа работна позиција се:

  • Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби;
  • Поседува продажни вештини за промоција и продажба на производите на Банката, лично, телефонски ,преку е-маил и директна промоција, одговорен е за реализација на зададените комерцијални цели согласно насоките на деловната политика на ниво на експозитура;
  • Подготвува понуда на целосна палета на продукти и услуги на Банката согласно потребите и можностите на клиентите, превзема мерки со цел искористување на потенцијалот на постојното портфолио, зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (crosssell/ up-sell);
  • Го надгледува пласманите и наплатата – следење на уредноста во подмирувањето на обврските на клиентите, нивно контактирање, координација на работата со службите за наплата;
  • Врши активности во рамки на овластувањата од лиценците здобиени од надлежни органи (на пр. застапување во животно осигурување и слично) согласно применливите законски прописи.

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:

  • Минимум ССС економска насока /гимназија; пожелно ВСС / Економски факултет или соодветно високо образование;
  • Способност за самостојно донесување на одлуки, водење на сопствено портфолио од аспект на квантитет и квалитет, ориентираност кон резултат и тимска работа;
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, професионален однос и деловен бонтон;
  • Организациски вештини, способност за одредување приоритети, способност за работа во динамично окружување;
  • Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност.

Што се Вашите придобивки?

  • Кариерен развој во банкарска групација Erste & Steiermärkische Sparkasse, пристап до групацискиот “know-how”;
  • Учество на обуки и семинари, континуирано надоградување и усовршување, како и пренос на знаења и искуства од искусни професионалци преку менторство;
  • Корпоративни настани, тимски дух, динамична работна атмосфера.

Работно време

  • Работно време: 40 работни часа во текот на работната недела, со почеток од 08:00 – 09:00 часот до 16:00 – 17:00 часот.
  • Вредности кои ги практикуваат сите вработени во Шпаркасе Банка Македонија: извонредност, доверба, агилност, страст, партнерство.

Вашето CV и мотивационо писмо доставете ги на: hr@sparkasse.mk заклучно со 15.08.2021 година со задолжителна назнака  „Апликација за Соработник за односи со население – Охрид“.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и
услови ќе бидат повикани на интервју.

За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk.

Банки

Огласи за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина, стекнување на нови знаења и искуства како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот продажба на банкарските продукти и услуги на Банката, ефикасно управување и збогатување на клиентската/партнерска мрежа на Банката преку детектирање на нови канали на продажба. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање



Популарно