Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија


Станете дел од професионален тим и изградете ја својата кариера на успешен банкар во Шпаркасе Банка Македонија.
Поради зголемениот обем на активности, Шпаркасе Банка го проширува својот тим во Скопје. Доколку сте мотивирани и имате желба да станете дел од успешниот тим на Банката, аплицирајте за вработување на отворените работни позиции.
ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ:
СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ
ЛОКАЦИЈА:
ЕКСПОЗИТУРА СКОПЈЕ
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку 35 експозитури. Одговорното банкарско работење и стабилноста се приоритет на Банката. Иновативноста и агилноста се движечка сила на Банката, а довербата и тимскот дух се вредности кои ги обединуваат сите вработени.
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ
Одговорности на кандидатот за оваа работна позиција се:
- Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби;
- Поседува продажни вештини за промоција и продажба на производите на Банката, лично, телефонски ,преку е-маил и директна промоција, одговорен е за реализација на зададените комерцијални цели согласно насоките на деловната политика на ниво на експозитура;
- Подготвува понуда на целосна палета на продукти и услуги на Банката согласно потребите и можностите на клиентите, превзема мерки со цел искористување на потенцијалот на постојното портфолио, зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (crosssell/ up-sell);
- Го надгледува пласманите и наплатата – следење на уредноста во подмирувањето на обврските на клиентите, нивно контактирање, координација на работата со службите за наплата;
- Врши активности во рамки на овластувањата од лиценците здобиени од надлежни органи (на пр. застапување во животно осигурување и слично) согласно применливите законски прописи.
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Минимум ССС економска насока /гимназија; пожелно ВСС / Економски факултет или соодветно високо образование;
- Способност за самостојно донесување на одлуки, водење на сопствено портфолио од аспект на квантитет и квалитет, ориентираност кон резултат и тимска работа;
- Одлични комуникациски и продажни вештини, професионален однос и деловен бонтон;
- Организациски вештини, способност за одредување приоритети, способност за работа во динамично окружување;
- Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност.
Што се Вашите придобивки?
- Кариерен развој во банкарска групација Erste & Steiermärkische Sparkasse, пристап до групацискиот “know-how”;
- Учество на обуки и семинари, континуирано надоградување и усовршување, како и пренос на знаења и искуства од искусни професионалци преку менторство;
- Корпоративни настани, тимски дух, динамична работна атмосфера.
Работно време
- Работно време: 40 работни часа во текот на работната недела, со почеток од 08:00 – 09:00 часот до 16:00 – 17:00 часот.
- Вредности кои ги практикуваат сите вработени во Шпаркасе Банка Македонија: извонредност, доверба, агилност, страст, партнерство.
Вашето CV и мотивационо писмо доставете ги на: hr@sparkasse.mk заклучно со 06.08.2021 година со задолжителна назнака „Апликација за Соработник за односи со население – Скопје“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и
услови ќе бидат повикани на интервју.
За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk.
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
Банки
Оглас за вработување во ПроКредит Банка


Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)
Банки
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје


Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје