Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија


Станете дел од професионален тим и изградете ја својата кариера на успешен банкар во Шпаркасе Банка Македонија.
Поради зголемениот обем на активности, Шпаркасе Банка го проширува својот тим во Скопје. Доколку сте мотивирани и имате желба да станете дел од успешниот тим на Банката, аплицирајте за вработување на отворените работни позиции.
ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ:
БЛАГАЈНИК
ЛОКАЦИЈА:
ЕКСПОЗИТУРА СКОПЈЕ
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку 35 експозитури. Одговорното банкарско работење и стабилноста се приоритет на Банката. Иновативноста и агилноста се движечка сила на Банката, а довербата и тимскот дух се вредности кои ги обединуваат сите вработени.
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: БЛАГАЈНИК
Одговорности на кандидатот за оваа работна позиција се:
- Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби;
- Ги препознава потребите на клиентите, воспоставува иницијални контакти, ги информира за видовите на депозити, условите за орочување и важечките каматни стапки;
- Ги спроведува сите готовински и безготовински трансакции со клиенти на благајна – физички и правни лица;
- Врши работи од доменот на менувачкото работење, водење на сметки, постапување по барања од клиентите (барање на производ/услуга, пријава/одјава на пензии, и др.);
- Спроведува трансакции за електронски трансфер на пари преку компанија со која Банката има деловна соработка согласно законската регулатива;
- Ги остварува продажните цели за продажба на производи и услуги од секојдневно банкарство.
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Минимум ССС, економска насока /гимназија;
- Способност за прилагодување на динамична работна атмосфера, подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови;
- Одлични комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиенти;
- Поседување интегритет, доверливост, прецизност, точност и аналитичност во работењето;
- Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност.
Што се Вашите придобивки?
- Кариерен развој во банкарска групација Erste & Steiermärkische Sparkasse, пристап до групацискиот “know-how”;
- Учество на обуки и семинари, континуирано надоградување и усовршување, како и пренос на знаења и искуства од искусни професионалци преку менторство;
- Корпоративни настани, тимски дух, динамична работна атмосфера.
Работно време
- Работно време: 40 работни часа во текот на работната недела, со почеток од 08:00 – 09:00 часот до 16:00 – 17:00 часот.
- Вредности кои ги практикуваат сите вработени во Шпаркасе Банка Македонија: извонредност, доверба, агилност, страст, партнерство.
Вашето CV и мотивационо писмо доставете ги на: hr@sparkasse.mk заклучно со 06.08.2021 година со задолжителна назнака „Апликација за Благајник – Скопје“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и
услови ќе бидат повикани на интервју.
За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk.
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
Банки
Оглас за вработување во ПроКредит Банка


Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)
Банки
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје


Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје