Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Централна кооперативна банка АД Скопје, има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место Секретар на Надзорен одбор во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Надзорниот одбор на Банката;
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Собранијата на акционерите на Банката;
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на другите органи на Банката , кога е потребно или по налог;
- Присуствува на седниците на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија и ги изготвува записниците;
- Се грижи и одговара за уредно водење на деловодните книги и целокупната евиденција и го организира чувањето на документација од Надзорниот одбор на Банката, Одборот за ревизија, Собранијата на акционери др. органи на Банката кога е потребно или по налог;
- Соработува со останатите дирекции и/или организациони единици на Банката во работите кои се однесуваат или се поврзани во врска со работата на органите на Банката;
- Врши и други работни задачи поврзани со неговиот делокруг на работа дефиниран во Правилникот за систематизација.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации, вештини и способности:
- Високо стручно образование од областа на правни, филолошки и други општествени или економски науки;
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност;
- Одлично познавање и работа на MS Office;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Високо ниво на професионалност и дискретност;
- Самоиницијативност лојалност и одговорност во извршувањето на работните задачи;
- Способност за работа ефективно самостојно и како дел од тим, со одржување на добри меѓучовечки односи;
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, испратете CV и пропратно писмо на: hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 10.09.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е до 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер