Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 4 лица за работно место Соработник за банкарски услуги за правни лица во Дирекцијата за банкарски услуги за правни лица во Скопје.

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги содржи следниве активности:

– исполнување на поставени месечни и квартални цели поврзани со продажба на производите на банката наменети за правни лица;

– кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити;

– тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;

– извршување на теренски промотивни и продажни активности;

– координација и поддршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;

– контрола на активности на продажната мрежа поврзани со продажби и промоции и сл.

За ова работно место е предвидена основна нето плата од 23.000 до 31.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Кандидатите треба да располагаат со високо образование од областа на економските науки, а избраниот кандидат треба да поседува:

– Развиени односи со деловни клиенти;

– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

– Самомотивираност и способност за самостојно работење;

– Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;

– Добри аналитички способности и искуство во анализи на финансиски извештаи;

– Висок степен на прецизност;

– Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;

– Добри комуникациски и продажни вештини;

– Способност за работа со утврдени временски рокови и однапред дефинирани таргети;

– Можност и афинитети за работа на терен;

– Солидно познавање на англиски јазик;

– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;

– Возачка дозвола „Б“ – категорија.

Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“.  Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 13.09.2019 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

The ProCredit Group is made up of socially responsible banks in developing countries and transition economies. ProCredit positions itself as the “Hausbank” for small and medium entreprises (SMEs) and for private inpiduals wishing to save and conduct their banking business on a fair and transparent basis. In this way the group strives to promote the segments of the population that contribute most to economic and social development. At a consolidated level the group is supervised by the German federal banking supervision authorities (BaFin and Bundesbank). The ProCredit group aims to combine high development impact with commercial success for its shareholders.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со  стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Халкбанк АД Скопје како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно