Банки
Оглас за вработување во Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува две лица во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Соработник за корисничка и техничка поддршка.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа). Неделно работно време: понеделник – петок. Работен однос е на неопределено време.
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- помош на корисниците при работата со компјутерска опрема, решавање на рекламации на корисниците, решавање на технички проблеми на корисници на електронско банкарство, мобилно банкарство, комуникација и техничка подршка на клиенти кои ги користат сервисите;
- решавање на технички проблеми на корисници на електронско мобилното банкарство, комуникација и техничка подршка на клиенти кои го користат севисот, по потреба интервенција на лице место;
- поврзување на POS терминали и комуникации со банка и процесор;
- поврзување на АТМ (технички аспект) и комуникации со банка и процесор;
- спроведување и проверка на безбедносното копирање на информациските системи;
- помош на корисниците при работата со компјутерска опрема;
- подршка при инсталација и одржување на сертификати и клучеви;
- разрешување или процесирање на барања од helpdesk апликација или телефонски;
- дистрибуирање, инсталирање и поставување на програмска опрема на персонални компјутери и сервери;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Образование од областа на компјутерски/информатички технологии;
- Работно искуство не е неопходно;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност;
- Возачка довола;
- Познавање на англиски јазик.
За ова работнo местo предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, испратете CV и пропратно писмо на: hr@ccbank.mk во кое задолжително треба да наведете за кое работно место аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 22.12.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е до 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје