Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe за работно место Соработник за возен парк и одржување на возила и имот во Дирекцијата за административна подршка во Скопје.

 Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги содржи следниве активности:

  • ракува со патничките и транспортните возила спрема добиените налози;
  • врши редовно одржување и чистење на возилата, се грижи за сервисирање и техничка исправност на возилата;
  • обезбедува навремени поправки и регистрирање на возила;
  • се грижи за одржување на имотот на Банката;
  • се грижи за алатот и резервните делови на возилата;
  • врши и други работи и работни задачи.

Кандидатите треба да располагаат со најмалку средно образование, а избраниот кандидат треба да поседува:

  • возачка дозвола „Б“ категорија;
  • основно познавање на работа со компјутери;
  • основно познавање на англиски јазик;
  • основни механички познавања поврзани со одржување на имот;
  • основни механички познавања поврзани со одржување на возилата.

Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“.  Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 15.08.2022 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во
работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно