Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 2 лица за работно место Соработник за банкарски услуги за правни лица во Дирекцијата за банкарски услуги за правни лица во Скопје.

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги содржи следниве активности:

  • исполнување на поставени месечни и квартални цели поврзани со продажба на производите на банката наменети за правни лица;
  • кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити;
  • тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;
  • извршување на теренски промотивни и продажни активности;
  • координација и поддршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;
  • контрола на активности на продажната мрежа поврзани со продажби и промоции и сл.

Кандидатите треба да располагаат со високо образование од областа на економските науки, а избраниот кандидат треба да поседува:

  • Развиени односи со деловни клиенти;
  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Самомотивираност и способност за самостојно работење;
  • Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
  • Добри аналитички способности и искуство во анализи на финансиски извештаи;
  • Висок степен на прецизност;
  • Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
  • Добри комуникациски и продажни вештини;
  • Способност за работа со утврдени временски рокови и однапред дефинирани таргети;
  • Можност и афинитети за работа на терен;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
  • Возачка дозвола „Б“ – категорија.

Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“.  Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 29.07.2022 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува две лица во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Соработник за корисничка и техничка поддршка. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга за Експозитура Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно