Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

  • Најмалку високо образование од областа на економските науки;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на македонски и албански јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Работно искуство најмалку 1 година;
  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен приод кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

За ова работни места предвидена е основна нето плата до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, испратете CV и пропратно писмо на: hr@ccbank.mk.

Огласот ќе биде активен заклучно со 22.06.2022 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува две лица во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Соработник за корисничка и техничка поддршка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно