Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица заинтересирани за работно место Дипломиран Правник – Соработник за правни работи во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на застапување на Банката во постапките пред надлежните судови, нотари, извршители и другите органи и институци, изработување на целокупната останата документација и извршување на работни задачи во надлежност на Дирекцијата за правни работи.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование Дипломиран правник;
- Положен правосуден испит;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ категорија со две годишно возачко искуство;
- Претходно работно искуство во банкарскиот сектор ќе се смета за предност.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, испратете CV и пропратно писмо на: hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.06.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје