Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Штип. 

Работниот однос е на определено време од 9 (девет) месеци.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

  • Најмалку високо образование од областа на економските науки;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен приод кон работата;
  • Висок степен на прецизност.

За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, испратете CV и пропратно писмо на: hr@ccbank.mk.

Огласот ќе биде активен заклучно со 15.10.2022 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно