Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува огласза вработувањена едно лице за работна позиција Раководител на експозитура во Скопје.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, солидна месечна нето плата и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:

  • Најмалку високо образование од областа на економските науки;
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Развиени односи со деловни клиенти;
  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Самомотивираност и способност за самостојно работење;
  • Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
  • Добри аналитички способности;
  • Висок степен на прецизност;
  • Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
  • Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;
  • Способност за работа со утврдени временски рокови;
  • Можност и афинитети за работа на терен;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
  • Возачка дозвола „Б“ – категорија.

Доколку сакате да станете дел од дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, испратете Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: hr@ccbank.mk.

Огласот ќе биде активен заклучно со 20.02.2022 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање


Популарно