Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на лицe во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Стручен соработник – администратор на оперативни системи.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа)

Неделно работно време: понеделник – петок

Работен однос на неопределено време.

За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:

  • Администрирање на Windows сервери и пратечки сервиси (domain controller, DNS, Group policy, DHCP, Active Directory),
  • Одржување и ажурирање на работни станици на Windows, Unix(AIX) и Linux оперативни системи;
  • Одржување на виртуелната инфраструктура;
  • Водење евиденција, набавка и грижа околу сервисирање на IT опремата;
  • Инсталирање, конфигурација и одржување на оперативни системи и системски продукти;
  • Имплементација, организација, оптимизација на перформанси и справување со системски  проблеми, оперативни системи и системските продукти;
  • Следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на компјутерските системи и предлагање на промени и подобрувања;
  • Превземање на мерки за обезбедување на достапност на системските сервиси (service uptime), работи на отстранување  на проблемите и замена на делови;
  • Врши надоградба на системот и софтверските пакети со нови верзии или тековните со отстранети недостатоци;
  • Планирање и старателство на употребата на носителите на податоци;
  • Изработка на безбедносни копии и обновување;
  • Изработка на анализи и следење на работата на системските сервиси и информатичките системи;
  • Координирање, следење и надзор на работните процеси на групата за хардвер и системски софвер;
  • Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
  • Мониторинг на работата и перформансите на серверите и ажурирање на нивната техничка документација;
  • Развој, имплементација и одржување на нови и постоечки IT сервиси;
  • Изработка на упатства, прирачници, процедури и стандарди;

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки;
  • Потребно работно искуство минимум од 2 години;
  • Напредно познавање на Windows server OS, Microsoft  services(AD, PowerShell, Exchange, MS SQL, Oracle, DNS , DHCP, …);
  • Работно искуство со технлогиите за виртуализација ( VMware, Hyper-V,…)
  • Mотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии;
  • Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Позитивен приод кон работата;
  • Висок степен на прецизност;
  • Возачка довола;
  • Познавање на англиски јазик.

За ова работнo места предвидена е основна нето плата од 30.000 до 62.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на: hr@ccbank.mk во кое задолжително треба да наведете за кое работно место аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 18.08.2021 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка-партнер за малите и средните претпријатија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно