Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место Кредитен аналитичар во Scoring центар во Скопје.

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Работното место воглавно ги опфаќа следниве активности:

  • поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
  • информирање на своите претпоставени за сите активности и за други значајни проблеми од областа на работењето на организационата единица;
  • прием на комплетни кредитни барања за нивна натамошна обработка;
  • контрола и верификација на комплетност и уредност  на барањата;
  • контрола  на првичната анализа на барањата и дополнителна анализа во скоринг модел;
  • одлучување по кредитни барања во рамки на зададени овластувања;
  • комуникација со деловните единици од кои произлегуваат барањата;
  • анализирање на  работата  и давање на предлози и решенија;
  • познавање и следење на промените во законската регулатива, подзаконските акти и останати прописи од доменот на работење и овозможување на нивна примена во работењето од страна на вработените;
  • извршување на други должности, задачи и проекти делегирани од страна на повиски органи во согласност со правилата на Банката.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е нето плата од 27.000 – 35.000 денари во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:

  • Најмалку високо образование од областа на економските науки;
  • Добри аналитички способности;
  • Висок степен на прецизност;
  • Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
  • Способност за работа со утврдени временски рокови;
  • Способност за работа под притисок.
  • Работно искуство најмалку 2 години од областа кредитирање и кредитна анализа на физички лица;
  • Самомотивираност и способност за самостојно работење;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
  • Возачка дозвола „Б“ – категорија.

Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „За оглас – Соработник за платен промет во земјата“.

Огласот ќе биде активен заклучно со 13.10.2020 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Раководител на Експозитура – Скопје (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно