Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице за работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е солидна почетна нето како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

– Најмалку високо образование од областа на економските науки;

– Солидно познавање на англиски јазик;

– Одлично познавање на албански јазик;

– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

– Одлични комуникациски способности;

– Позитивен приод кон работата;

– Висок степен на прецизност.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk .

Огласот ќе биде активен заклучно со 26.03.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за практична настава во ПроКредит во Струга

Објавено

на

ПроКредит банка за своите потреби објавува оглас за практична настава во експозитурата во Струга. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Прокредит Банка

Објавено

на

За огласот се потребни следниве квалификации: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange