Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Стручен соработник за администрирање на мрежи и сигурност во Дирекцијата за информатички технологии на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:

–  Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура

–  Мониторирање на мрежна инфраструктура и мрежен сообраќај

–  Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips)

–  Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри

–  Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура

–  Администрирање и извршување на регуларни резервни копии

–  Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација

–  Следење на сигурност на мрежна инфраструктура и превенција од неовластен пристап

Избраниот кандидат треба да поседува:

–  Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии

–  Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–  Одлични комуникациски способности;

–  Позитивен приод кон работата;

–  Висок степен на прецизност;

–  Претходно работно искуство со мрежни инфраструктури ќе се смета за предност.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, пополнете ја апликацијата на интернет страницата на Банката www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.

Огласот ќе биде активен заклучно со 28.08.2020 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Раководител на Експозитура – Скопје (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно