Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место Соработник за платен промет во земјата во Скопје.

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Работното место воглавно ги опфаќа следниве активности:

  • ги организира и координира работите во сите организациони делови на Банката во врска со приемот и обработката на налози за плаќање поднесени од учесниците во платниот промет;
  • ги организира и координира работите во врска со приемот, евиденцијата и решавањето на рекламациите од извршениот платен промет за сите организациони делови на Банката примени од други носители на платен промет како и од експозитурите/филијалите на Банката за погрешно внесени податоци во при извршувањето на платниот промет;
  • го организира работењето во врска со масовните операции за исплата на плата и збирни налози за пренос преку клиентските сметки во Банката;
  • дава насоки во разрешување на евентуални проблеми настанати при приемот и обработката на налозите при секојдневното работење на сите експозитури;/филијали;
  • врши дневно следење на извршувањето на готовинскиот и безготовинскиот платен промет, како и дневно усогласување со книговодствените евиденции на Банката;
  • остварува комуникација со платните системи во РСМ (КИБС, МИПС), подготвува, праќа и прима пратки;
  • врши обработка на налози за плати (обр ПП53), превземени од КИБС со фолио број;

Дневно флексибилно работно време : од 07:30 до 16:30 часот од 8 часови

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е нето плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:

  • Најмалку високо образование од областа на економските науки;
  • Добри аналитички способности;
  • Висок степен на прецизност;
  • Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
  • Способност за работа со утврдени временски рокови;
  • Способност за работа под притисок.
  • Самомотивираност и способност за самостојно работење;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
  • Возачка дозвола „Б“ – категорија.

Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на ЦКБ, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „За оглас – Соработник за платен промет во земјата“.

Огласот ќе биде активен заклучно со 20.07.2020 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно