Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место „Раководител на Службата за кредитен ризик и кредитни операции“ во Скопје на неопределено време.

Работното место воглавно ги опфаќа следниве активности:

  • кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити;
  • оценка на кредитен ризик;
  • учествува и дава предлози за подобрување/влошување на категорија на ризик на клиент;
  • изготвува извештаи поврзани со работењето на Службата и Дирекцијата;
  • следење на дополнителните услови по одобрени кредитни производи согласно Правилата за кредитна активност;
  • учествува во изработка на интерни акти поврзани со кредитната активност на Банката;
  • тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е нето плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:

  • Најмалку високо образование од областа на економските науки;
  • Добри аналитички способности и одлично познавање на финансиски извештаи  и сметководствени стандарди;
  • Висок степен на прецизност;
  • Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
  • Способност за работа со утврдени временски рокови;
  • Самомотивираност и способност за самостојно работење;
  • Искуство во кредитирањето на правни лица во други банкарски институции ќе се смета за предност.
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
  • Возачка дозвола „Б“ – категорија.

Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Банката, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „За оглас – Раководител на Служба кредитен ризик и кредитни операции“.

Огласот ќе биде активен заклучно со 02.04.2020 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно