Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на четири лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

–  Најмалку високо образование од областа на економските науки;

–  Солидно познавање на англиски јазик;

–  Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–  Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–  Одлични комуникациски способности;

–  Позитивен приод кон работата;

–  Висок степен на прецизност.

За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на ЦКБ, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.

Огласот ќе биде активен заклучно со 18.11.2019 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција референт на благајна во Струмица. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Директор на Дирекција Сигурност (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Коoрдинатор за Небанкарски Дејности (more…)

Продолжи со читање

Популарно