Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Стручен соработник – проценител на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Минималната нето плата предвидена за ова работно место изнесува 35.000 денари, со тоа што може да се договори и повисок износ во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот, а главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на изготвување на нови процени на имот, правење на репроцени на имот и ревизија на процени на имот согласно потребите на Банката.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

– Високо образование;

– Лиценца за овластен проценител;

– Солидно познавање на англиски јазик;

– Одлично познавање и работа со компјутери;

– Возачка дозвола „Б“ – категирија (искусен возач).

Избраниот кандидат треба да поседува:

–  Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–  Солидни комуникациски способности;

–  Позитивен приод кон работата;

–  Висок степен на прецизност.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: hr@ccbank.mk.

Огласот ќе биде активен заклучно со 07.10.2019 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

The ProCredit Group is made up of socially responsible banks in developing countries and transition economies. ProCredit positions itself as the “Hausbank” for small and medium entreprises (SMEs) and for private inpiduals wishing to save and conduct their banking business on a fair and transparent basis. In this way the group strives to promote the segments of the population that contribute most to economic and social development. At a consolidated level the group is supervised by the German federal banking supervision authorities (BaFin and Bundesbank). The ProCredit group aims to combine high development impact with commercial success for its shareholders.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со  стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Халкбанк АД Скопје како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно