Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е еден од најсилните брендови на македонскиот финансиски пазар. Преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, создава вредност за своите клиенти, акционери и вработени. Водени од сопствената визија за водечка банка во регионот, својот широк асортиман на производи банката го нуди насекаде во земјата преку широката мрежа на филијали.

Согласно тековните потреби од нововработени лица во Халкбанк АД Скопје, Банката објавува оглас за следната работна позиција:

Референт за банкарски операции
во Скопје (Референца Бр. 012/2022)

Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и благајнички операции.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Без работно искуство;
  • Познавањето на банкарските операции со готови пари и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;
  • Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик се смета за добредојдено;
  • Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;
  • Одлични комуникациски вештини и одржување на одлични односи со клиенти;
  • Висок степен на чесност, етичност и доверливост;
  • Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската регулатива
  • Високо ниво на аналитичност и прецизност во секојдневното извршување на работни задачи;
  • Способност за тимска работа;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
  • Професионален изглед и однесување;
  • Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички средства кои се во широка употреба.

Бенефити:

  • Основна нето плата од 24.236 денари (за кандидати без претходно релевантно искуство);
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Политика за наградување преку системот на бонуси;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Динамична работна средина;
  • Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење;

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, аплицирајте најдоцна до 16.08.2022 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 012/2022 – Референт за банкарски операции во Скопје.

За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија и мотивациско писмо. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање на знаење и/или интервју.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно