Банки
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје


Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.
Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на 3 (три) извршители – нововработени на следните работни позиции:
ИТ Специјалист за софтвер (Референца Бр. 010/2022)
во Дирекција за Информациски системи и техничка поддршка
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
- Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 2 години;
- Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
- Возачка дозвола Б категорија.
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
- Одлично познавање на Transact-SQL (T-SQL) јазикот;
- Одлично познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL Database);
- Основно познавање на оперативни системи (Windows OS);
- Познавање на .Net, C#, XML ќе се смета за предност.
- Познавање на банкарско работење ќе се смета за предност.
- Активно следење на развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
- Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Ефикасно управување со време, приоритети и почитување рокови;
- Чесност и доверливост;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
- Способност за тимска работа;
- Професионален изглед и однесување.
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
- Одговорен за правилно и целосно функционирање на модулите од системите во Банката;
- Параметризирање и развој на апликативните модули за банкарските системи;
- Организирање и спроведување на поддршка за корисниците на системите во банката;
- Анализирање на можностите за користење на модулите, вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на истите;
- Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на модулите;
- Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
- Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.
Бенефити:
- Приватно здравствено осигурување;
- Политика за наградување преку системот на бонуси;
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
- Динамична работна средина;
- Продуктивно работно опкружување;
- Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење.
Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, аплицирајте најдоцна до 05.06.2022 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца бр. 010/2022 – ИТ Специјалист за софтвер.
За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје


НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)
Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје


НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во
работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје.
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје