Банки
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје

Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката.
Согласно тековните потреби, процеси и активности, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за прием на нововработени лица на следните работни позиции:
Помлад ревизор – референца бр. 004/2022
Постар ревизор – референца бр. 005/2022
Главни работни задачи за работно место Помлад ревизор:
- Како дел од тимот на внатрешна ревизија, учествува во извршување на активностите поврзани со внатрешната ревизија преку давање на независно и објективно уверување и консултантски активности со цел додавање на вредност и подобрување на работењето на Банката.
- Имплементација на политики, инструкции и процедури за спроведување на ревизорските процеси и други редовни операции во Дирекцијата за внатрешна ревизија.
- Врши ревизорски тестови и врши подготовка на работна документација како поддршка за извршување на соодветенен процес на ревизија документи, тестови и резултати.
- До Директорот на Дирекцијата за внатрешна ревизија како и до постарите ревизори со кои работи, поднесува извештаи за своите наоди во врска со извршените ревизии во дадените Дирекции.
- Следење и почитување на променетата и новата регулативата како и документи и информации добиени од претпоставен во врска работењето на банката.
- Целосно усогласување (примена и почитување) со внатрешната и надворешната регулативa, етички принципи и прифатените професионални стандарди за вршење на ревизија.
- Врши други релевантни активности дадени од претпоставените.
Потребни квалификации и карактеристики за работното место Помлад ревизор:
- Универзитетска диплома од Економски факултет или други релевантни факултети, Специјалност: Сметководство / финансии или друго соодветно поле.
- Напредно користење на MS-Office (Word, Excel и Microsoft Outlook).
- Познавање на: Деловните банкарски технологии и процеси, закони и прописи во врска со сметководство / финансии / банкарството, операции, усогласеност со прописи и други релевантни ризици.
- Течно зборување на македонски и англиски јазик; познавање на други јазици ќе се смета за предност.
- Минимум едногодишно работно искуство како внатрешен ревизор или слично работно место: работно искуство стекнато во сметководствени / финансиски / друштва за ревизија или други релевантни институции.
- Да работи со надзор од надреден ревизор.
Главни работни задачи за работно место Постар ревизор:
- Подготовка на ревизорски планови и програми врз основа на процес на проценка на ризик.
- Извршување на внатрешни ревизии и работни програми, согласно барањата.
- Оценување дали организациските единици во банката работат согласно законските прописи, упатства за управување и применување на интерните политики и процедури.
- Извршување на специјални прегледи по барање на менаџментот.
- Подготвка на ревизорските наоди и ревизорските извештаи и давање препораки за коригирање и подобрување на работењето со цел намалување на ризиците.
- Следење на дејствијата на одговорните лица во врска препораките од внатрешна ревизија.
- Асистира во дневните активности на Директорот на Дирекцијата за внатрешна ревизија, и врши надзор на ревизорскиот тим при извршувањето на ревизијата.
- Обезбедување на консултантски услуги и други релевантни надлежности за внатрешна ревизија;
- Градење и одржување на професионални односи со страните кои биле предмет на ревизија и управување преку одржување на редовни врски со цел да се одговори на неусогласеностите, ревизорските наоди, препораки и други релевантни прашања.
- Следење и почитување на променетата и новата регулативата како и документи и информации добиени од претпоставен во врска работењето на банката.
- Целосно усогласување (примена и почитување) со внатрешната и надворешната регулативa, етички принципи и прифатените професионални стандарди за вршење на ревизија.
- Врши други релевантни активности дадени од претпоставените.
Потребни квалификации и карактеристики за работното место Постар ревизор:
- Универзитетска диплома од економски науки: ревизија / сметководство / финансии.
- Пожелно е поседување или вклученост во програми за стекнување на професионален сертификат за вршење ревизија (Сертификат за овластен ревизор од страна на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, CIA, ACCA, CISA и сл.)
- Минимум пет (5) години работно искуство во ревизија / сметководство / банкарство / финансии /, и најмалку четири (4) години професионално искуство во ревизија во банкарскиот сектор.
- Течно зборување на македонски и англиски јазик; познавање на други јазици ќе се смета за предност.
- Напредно користење на MS-Office (Word, Excel и Microsoft Outlook).
- Познавање на: Деловните банкарски технологии и процеси, закони и прописи во врска со сметководство / финансии / банкарството, операции, усогласеност со прописи и други релевантни ризици.
- Способност за самостојно организирање и навремено исполнување на задачите.
- Силни интерперсонални вештини.
Лични карактеристики за двете позиции:
- Спроведување на задачи поврзани со ревизија на објективен и искрен начин.
- Силно чувство на професионална доверливост и одговорност.
- Толкување и примена на законската регулатива и интерните политики и процедури.
- Силен во математиката и високо аналитички (да работи со табеларни пресметки и комплексни податоци на дневна основа).
- Одлични вербални и писмени меѓучовечки комуникациски вештини.
- Набљудувачки и презентациски вештини.
- Креативно, професионално и размислување ориентирано кон процесот.
- Подготвеност и способност за учење, подобрување и понатамошен развој на професионални вештини.
- Повремените патувања може да бидат дел од работните обврски
- Интерперсонални односи на високо ниво.
- Способност да се работи ефикасно како дел од тим и поединечно и справување со стресни ситуации.
- Ориентираност кон резултати.
- Беспрекорна аналитичка вештина.
- Чувство за ризик и контрола.
Бенефити:
- Приватно здравствено осигурување;
- Политика за наградување преку системот на бонуси;
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
- Динамична работна средина;
- Продуктивно работно опкружување;
- Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење;
Доколку сте заинтересирани за овие позиции и ги исполнувате условите од огласот, аплицирајте најдоцна до 20.05.2022 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 004/2022 – Помлад Ревизор или Референца Бр. 005/2022 – Постар Ревизор.
Само кандидатите кои ќе влезат во процесот на селекција ќе бидат контактирани.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје