Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, Банката објавува оглас за прием и пополнување на следната работна позиција:

Референт за банкарски операции
во Скопје (Референца Бр. 013/2021)

Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и благајнички операции.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Без работно искуство, а кандидатите со работно искуство на иста или слична работна позиција до 3 години во финансиска институција – банка, во процесот на селекција ќе имаат предност согласно нивното претходно работно искуство;
  • Познавањето на банкарските операции со готови пари и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;
  • Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик се смета за добредојдено;
  • Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;
  • Одлични комуникациски вештини и одржување на одлични односи со клиенти;
  • Висок степен на чесност, етичност и доверливост;
  • Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската регулатива
  • Високо ниво на аналитичност и прецизност во секојдневното извршување на работни задачи;
  • Способност за тимска работа;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
  • Професионален изглед и однесување;
  • Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички
  • средства кои се во широка употреба.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, Халкбанк АД Скопје ве охрабрува да аплицирате најдоцна до 29.08.2021 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 013/2021 – Референт за банкарски операции во Скопје.

За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање на знаење и/или интервју.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за платена практична работа во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување на Самостоен финансиски аналитичар во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање



Популарно