Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, Банката објавува оглас за прием и пополнување на следната работна позиција:

ИТ Специјалист за систем за МИС (Референца Бр. 009/2021)
во Дирекција за информациски средства и техничка поддршка

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database);

  • Основно познавање на Microsoft Power BI;
  • Основно познавање на ETL процеси на data warehouse;
  • Основно познавање на оперативни системи(Windows OS);
  • Познавање на .Net, C#, XML ќе се смета за предност.
  • Активно го следи развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионален изглед и однесување.

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

  • Одговорен за правилно и целосно функционирање на модулите за МИС;
  • Организирање и спроведување на поддршка за корисниците во апликациите и системите за известување (МИС);
  • Анализирање на можностите за користење на апликациите,  вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на истите;
  • Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на апликациите за известување;
  • Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
  • Учество во проекти за унапредување на апликациите, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, Халкбанк АД Скопје ве охрабрува да аплицирате најдоцна до 18.07.2021 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца бр 009/2021 ИТ Специјалист за МИС.

За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.

Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

Банки

Оглас за вработување на Референт за кредитна администрација во Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување на Референт за плаќања во Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување на Специјалист за апликативни решенија во Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно