Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, Банката објавува оглас за прием и пополнување на следната работна позиција:

ИТ Специјалист 
за систем за процесирање на платежни картички  
во Дирекција за информациски системи и техничка поддршка
Референца Бр. 006/2021

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

  • Одлично познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL Database, Informix);
  • Основно познавање на оперативни системи (Windows OS);
  • Активно го следи развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионален изглед и однесување.

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

  • Одговорен за правилно и целосно функционирање на модулите од системот за процесирање на картички и негово целосно функционирање и интеграција со главниот банкарски систем и модулот за картично работење;
  • Параметризирање на апликативните модули и систем за системот за процесирање на картички согласно потребите и производите на Банката;
  • Организирање и спроведување на поддршка  за корисниците во наведените модули и систем;
  • Анализирање на можностите за користење на модулите,  вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на истите;
  • Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на модулите;
  • Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
  • Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, аплицирајте најдоцна до 17.03.2021 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 006/2021 – ИТ Специјалист за платежни картички.

За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1(една) година.

Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

топанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа објавува:

О Г Л А С

За прием на работник на работно место

Администратор на картичен систем во Сектор за информатичка технологија

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Банкарски службеник во експозитура Велес (more…)

Продолжи со читање




Популарно