Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

Поради пополнување на базата на апликанти, како и за тековни потреби од вработени во Халкбанк АД Скопје, објавува оглас за следната работна позиција:

Референт за банкарски операции
во Скопје (Референца Бр. 008/2020)

Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Без работно искуство, а кандидатите со работно искуство на иста или слична работна позиција до 3 години во финансиска институција – банка, во процесот на селекција ќе имаат предност согласно нивното претходно работно искуство;
  • Познавањето на банкарските операции со готови пари, и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;
  • Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
  • Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;
  • Одлични комуникациски вештини и одржување на одлични односи со клиенти;
  • Висок степен на чесност, етичност и доверливост;
  • Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската регулатива
  • Високо ниво на аналитичност и прецизност во секојдневното извршување на работни задачи;
  • Способност за тимска работа;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
  • Професионален изглед и однесување;
  • Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички
  • средства кои се во широка употреба.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, аплицирајте најдоцна до 27.10.2020 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака на соодветната Референца согласно градот за кој што аплицирате. Пример: Референца бр. 008/2020 – Референт за банкарски операции во Скопје.

За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1(една) година.

Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Раководител на Експозитура – Скопје (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно