Банки
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Халкбанк АД Скопјее еден од најсилните брендови на македонскиот финансиски пазар. Преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, создава вредност за своите клиенти, акционери и вработени. Водени од својата визија за водечка банка во регионот, својот широк асортиман на производи Халкбанк АД Скопје го нуди насекаде во земјата преку широката мрежа на филијали.
Согласно тековните потреби од нововработени лица, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за следната работна позиција:
Референт за банкарски операции
во Скопје (Референца Бр. 013/2022)
Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и благајнички операции.
Потребни квалификации и карактеристики:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Без работно искуство;
- Познавањето на банкарските операции со готови пари и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;
- Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик се смета за добредојдено;
- Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;
- Одлични комуникациски вештини и одржување на одлични односи со клиенти;
- Висок степен на чесност, етичност и доверливост;
- Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската регулатива
- Високо ниво на аналитичност и прецизност во секојдневното извршување на работни задачи;
- Способност за тимска работа;
- Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
- Професионален изглед и однесување;
- Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички средства кои се во широка употреба.
Бенефити:
- Основна нето плата од 25.690 денари (за кандидати без претходно релевантно искуство);
- Приватно здравствено осигурување;
- Политика за наградување преку системот на бонуси;
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
- Динамична работна средина;
- Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење.
Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, аплицирајте најдоцна до 27.10.2022 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 013/2022 – Референт за банкарски операции во Скопје.
За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија и мотивациско писмо. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање на знаење и/или интервју.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје