Банки
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.
Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на нововработени лица на следната работна позиција:
Референт – Валидатор на моделите за мерење на ризици
во Централата на Халкбанк А.Д. Скопје
(Референца Бр. 004/2020)
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Завршено најмалку Високо образование од областа на економетрија, статистика, математика или друга квантитативна област;
- Со или без претходно искуство во развој или валидација на статистички / математички модели;
- Релевантни вештини во користењето на статистичките програми, вклучително и програмирање, на пример R, SAS и слично;
- Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање.
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните вештини и квалификации:
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
- Чесност и доверливост;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
- Напредно познавање и работа со Microsoft Office апликациите;
- Подготвен да учи и да се развива во професионална и компетитивна работна средина;
- Способност за тимска работа;
- Аналитичност;
- Професионален изглед и однесување.
Краток опис на работните активности за овие работни позиции:
Банката, како дел од своите редовни активности, користи модели кои се во насока на поддршка на бизнис одлуките и стратегијата на Банката. Моделите за кредитниот ризик се најдобра алатка за да се разбере кредитниот ризик на кредитокорисникот, а ова е особено важно бидејки профилот на кредитниот ризик на кредитокорисниците, со текот на времето и околностите, се менува. Потенцијалните кандидати, ќе ги извршуваат активностите согласно интерно предвидената рамка (политики и процедури) за развој и валидација на моделите. Генерално, тоа ќе подразбира работа со бази на податоци кои ќе се користат за развој и/или ажурирање на моделите и за валидација на моделите, документирање на спроведените активности и подготовка на извештаи за органите на банката.
Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, аплицирајте најдоцна до 22.03.2020 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референт – Валидатор на моделите за мерење на ризици (Референца Бр. 004/2020).
За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка