Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на својот тим, Халкбанк АД Скопје им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, Банката објавува оглас за прием на нововработени лица на следната работна позиција:

Самостоен референт за Информациска Сигурност
во Централата на Халкбанк А.Д. Скопје 
Референца Бр. 002/2020

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 5 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

  • Искуство во пратење и имплементација на стандарди, PCI DSS, ISO 27001, ITIL, COBIT
  • Познавање на Windows околина;
  • Познавање на Linux ќе се смета за предност;
  • Активно го следи развојот на стандардите, технологијата, како и заканите  од дигиталниот простор;
  • Поседување на релевантни сертификати од областа на сигурноста ќе се смета за предност;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Аналитичност;
  • Професионален изглед и однесување.

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

  • Комуницира со сите Организациски единици и врши проценка и анализа на информативни ризици;
  • Врши планирање и имплементација на промени во информациските системи;
  • Спроведува, објаснува и документира  нови концепти, проекти, системи и процеси;
  • Учествува во решавање на инциденти и решавање на проблеми;
  • Работи на одржување на свеста за ризиците кај вработените;
  • Врши анализа и известување до релевантни инстанци;
  • Врши преглед на инциденти поврзани со влошување на системот за информациска сигурност, слабости и грешки во системот на Банката;
  • СРСИС е одговорен за идентификување и мерење на нефинансискиот оперативен ризик како резултат на нарушување на безбедноста на информациите;
  • Дава спецификација на безбедносните услови кои треба да бидат вклучени во договорите со трети лица во врска со сигурноста на информативниот систем на банката;
  • Употребува корелациони алатки за да ги разгледа сите ревизорски траги и други релевантни форми на записи, чувани во ИТ системите на Банката;
  • Асистира во развој, имплементација и промоција на Планот за континуитет во работењето (ПКР) и План за обнова од катастрофи (ПОК);
  • Ги разгледува и ги следи Договорите за нивото на услуги од надворешни лица (Service Level Agreement) и Outsourcing активностите за усогласеност со поврзаните политики и упатства преку проценка на договори и прашалници за аутсорсинг, на периодична основа;
  • Врши внатрешни и надворешни проценки на ранливостите по информативните системи, скенира со автоматизирани алатки и следи напредок во спроведувањето на препораките;
  • Учество во проекти за унапредување на процесите, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, аплицирајте најдоцна до 02.03.2020 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 002/2020 – Референт за информациска сигурност во Скопје.

За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Самостоен референт во Одделение за ИТ.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно